„Ние се забавуваме неколку месеци, се запознавме случајно преку моите пријатели. Мене Перица на почетокот беше ружен, но потоа се заљубив во него. Една вечер седевме во некој кафич и тој инсистираше да одам кај него да преспијам. Јас одам, не знам ни како ме убеди на крајот. Но, неговата мајка рано утрото, пред да станам, се јави на целата фамилија во Сараево дека нејзиниот син се оженил, и се разбира, им рече на моите родители, кои се шокираа кога го слушнаа тоа. Потоа не можев назад“, изјави во една емисија Сања Џорџевиќ.
Кога стана збор за изјавата која ја даде, „дека слободно може да ја изневерува“, Сања изјави дека никогаш не рекла така.
„Не, не, не реков „нека ме изневерува“! (се смее). Јас Реков дека животот е краток, па толку работи во животот пропуштаме, што јас би излегла со некој за да го шпиунирам, да размислам што правел, како правел… Тоа што не го знам, тоа ме боли. Ако на него му прави некое задоволство, за кое јас не знам, алал му вера. Јас не сум повредена, јас сум испочитувана, мене ми е убаво во животот, а сега, ако ти некои работи ги направиш, а јас не знам, а тоа ти причинува задоволство, повели, брате, не е никаков проблем (се смее)“, искрена беше Сања и повторно изненади со ретко отворениот став.
Што се Сања изјави за Перица, начините на кои денеска функционира, но и за себе и плановите, погледнете во снимата на следниот линк: