Откако Кастанис објави заедничка фотка со Адријана, почнаа серијата на напаѓачки текстови во турските медиуми.
На сето тоа Лима реагираше целосно нетипично за неа, и одлучи на сите да им докаже колку е заљубена во турскиот писател.
„Како што можете да видите на фотката наназад, на која не го разбирам во целост текстот на турски јазик, но слушнав дека кружат гласини за мене и мојата верност кон мојата љубов Метина. Да реков мојата љубов. За ваша информација, човекот покрај мене е мојот геј пријател Кастанис, да, реков геј пријател и член на моето семејство. Причината поради која ја засакав Турција е тоа што чувствувам многу љубов овде, затоа ве молам да ја почитувате мојата и приватноста на Метина и да престанете да ширите лажни вести. Тоа почна од моментот кога со Метин и јас почнавме да се забавуваме. Ве молам да го прифатите фактот дека се сакаме, и дека сме среќни. Мојата љубов кон оваа земја, не се промени. Фала ви за разбирањето. Ве сакам сите со цело срце и не можам да дочекам да ви се вратам“, напиша Адријана во емотивната порака на Инстаграм.