Првата безготовинска држава во светот – Во Шведска до 2030 никој нема да плаќа со пари

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ ВЕЌЕ СЕ ИЗВРШУВА ВО 80% ОД СИТЕ ВИДОВИ НА ПЛАЌАЊА – КЕШ КОРИСТАТ САМО СТАРИТЕ ЛУЃЕ И МИГРАНТИТЕ

Во Шведска плаќањето во готовина ќе биде целосно повлечено, најдоцна до 2030 година.
Ова го покажа истражувањето на Кралскиот технички Универзитет од Стокхлом, во кој учествуваа претставници од 740 шведски трговски компании, со најголем и најинтезивен обрт на кеш.

Доколку прогнозата се покаже како точна – Шведска ќе биде првата „безготовинска државата“ на планетата.

Самата прогноза, покрај останатото, е заснована на фактот што Швеѓаните – по многу параметри, се народ кој најмногу верува во банките. Се разбира, во своите банки.

Водечкиот соработник од Институтот, Никлас Арвидсон, дополнително објасни:

„Сега се се случува многу брзо. За банките работата со готовина значи само трошоци. Затоа готовината ќе се одржи само додека за неа имаат потреба потрошувачите и трговските компании“.

Готовината во Шведска сега ја плаќаат воглавно старите луѓе и мигрантите.

Безготовинските плаќања веќе ги прават 80% од сите плаќања, а имаат тенденција за понатамошен раст.

Шведските економисти укажуваат дека популарноста на безготовинското плаќање допринесува во борбата која државните институции ја водат против перењето на пари.

Експертите, но и надлежните државни служби, веќе предупредуваат дека „безготовинското општество“, ќе мора да формира поактивни механизми, кои – дури и во ситуации кога ќе дојде до откажување на електронскиот систем – да може да се овозможи да не се плаќа со кеш.

А што кога ќе исчезне струјата?

Scroll to Top