Кризата во бракот на Ана и Дарко очигледно ја произвеле пораките кои доспеаја во јавност, а кои пејачката ги праќала на постариот колега Аца Лукас. Како што се пишуваше тие биле во врска пред пет години, а најновата преписка настанала пред неколку дена откако Лукас не одговорил на повикот на Ана на телефон.
Еден ден откако пораките протекоа во јавноста, а во кои таа пишува како се разочарала во него бидејќи не и се јавува на повиците и дека и се разбудиле старите чувства, екипата на Блиц го фати брачниот пар Лазиќ-Севиќ како се кара на сред плажа.
-Двајцата на плажата во Миличер дојдоа видно нервозни, еден по друг, како да не зборуваат. Се сместија на лежалките, а тогаш почна караницата. Ана се обидуваше да му објасни на Дарко дека тоа што го видел во медиумите не се нејзини пораки и дека целата ситуација е наместена, но тоа не го убеди Дарко. Тој многу добро знае што се случувало меѓу Ана и Лукас пред пет години, а веројатно го познава и начинот на пишување на нејзните пораки, така што убедувањето не им тргна од рака-рекол извор за Блиц.
-Таа не престануваше да зборува, додека Дарко само одмавнуваше со раката и иронично од време на време велеше, да,да. Таа нервозно вадеше работи од торбата, се мачкаше, додека Дарко плаеше цигара за цигара. На него се гледаше дека е бесен, бидејќи неколку пати седнуваше и стануваше, додека таа се обидуваше да глуми смиреност, но на лицето и се гледаше нервоза.
Караницата траела додека таму не поминал пријател на брачниот пар.
-Тој почна да им мафта со повик дека ќе им се придружи. Тој момент Ана и Дарко престанаа да се караат и продолжија да глумат среќен пар. Таа го мачкаше со крема за сончање, а потоа влегоа во вода, каде еднаш и се прегрнаа. По излегување од водата тој отиде право во кафуле, а набрзо потоа таа ги собра работите и ја напушти плажата-додал изворот.