Првиот Србин во серијата “Prison Break” – Урош ги открива сите детали во својата улога

Тоа е голема чест и одговорност. Јас за тој човек, кој е координатор на серијата „Prison Break“, работам веќе години наназад, како во Канада така и низ светот, и тој ми верува“, изјави Урош Чертиќ.

Кога многу луѓе во Србија го слушнаа името Урош Чертиќ, веднаш помислија на неговото учество во ријалити шоута „Големиот брат“ и „Парови“.

Но, надвор од границите на Србија, ова момче на големо ја гради светската филмска кариера. Урош, кој по професија е каскадер, се појави во бројни странски остварувања, а со своите акробации ги воодушеви многумина.

Погледнете го Урош Чертиќ во акција:

Инаку, Урош е првиот Србин кој доби можност да игра во хит-серијата „Prison Break“. Во интервјуто тој откри дека многу поединости и детали се врзани за неговата улога.

Првиот Србин кој има врска со прочуената серија „Prison Break“, за што тука се работи?

Работев на петтата „камбек“ сезона, а таа беше прогласена за најисчекуваниот „камбек“ на сезоната на сите времиња, на една тв-серија. Така да, баш сум горд. Работев како DEA полицаец, возев кола, беше прецизна каскадерска „вожња“. Излеговме и уапсивме еден од актерите, Доминик Парсел, кој исто така беше во таа сцена. Јас бев сам два дена на сетот, а се снимаше во Ванкувер и во Мароко.

Какви впечатоци носиш? Колку е тешко да се дојде до еден таков проект?

„Тоа е голема чест и одговорност. Јас за тој човек, кој е координатор на серијата „Prison Break“, работам веќе со години и по светот и по Канада, така да ми верува, работи само со одбрани негови луѓе на кои им верува. Од 20 пати – 20 пати ќе го паркира возилото покрај камерата, во близина на актерот, за да ништо не погреши. Тука нема ни простор за грешки, не е само да скршиш нешто, туку и да не погрешиш, да не повторуваме стотина пати поради мене. Доминик Парсел може да погреши 300 пати, јас не би смеел ниту еднаш“.

Колку каскадери и како тренираат, како изгледа вашиот тренинг?

„Тренирам 6-7 пати неделно во теретана, внимавам на исхраната, а што се однесува до возењето, влегував на каскадерскиот курс кој чини 2000 долари, два дена по десет часа. Научив доволно, па со неколку другари купивме некој крш и отидовме на празен паркинг и вежбавме. Го ставаш клучот и вежбаш. Тоа мора да се тренира и вежба постојано, затоа што никогаш не знаеш кога ќе те повикаат“.

Која е најопасната сцена која си ја снимал и дали си имал досега некоја повреда?

Го скршив зглобот на раката, а еве имам и штраф. Ми земаа фрагмент на коската од кукот, и ми го ставија овде на зглобот и го споија, но тоа е смешно. Луѓето имаат по 30 штрафови во краиерата. Кас носам заштита секогаш, ракавици, кацига, нешто што им го препорачувам на сите, дури и кога е жешко, баш тогаш ќе паднеш на најбанален трик“.

 

 

На што работиш во моментов? Каде можеме да те гледаме во блиска иднина?

Работев сам во Доха, англиска серија „McMafia“. Тоа е првата сезона која сеуште не е излезена. Прават од мафијата, корпорација, а работев и во серијата „Ice“, со Доналд Сатерленд, таа би требало сега да излезе. Сега чекам повик за „Deadpooll 2“, тие снимаат од средината на јули па можат да ме повикаат било кога. Таму е Стефан Капичиќ, така да ќе бидам вториот Србин кој ќе работи во „Deadpool“, ако ја добијам улогата.

На следниот линк, погледнете го комплетното интервју:

 

 

Scroll to Top