Пред модната недела во Милано, Долче и Габана ја претставија колекцијата за есен/зима 2017 година. Моделите беа во цветни дезени, односно комбинации со навезено цвеќе.
Покрај цветните дезени, Долче и Габна за моделите користеле многу камења и рачен вез. Чевлите од кадифе потсетуваат на стилот рококо, кошули чија линија нè враќа во кралските времиња. Есенските чанти ќе бидат компактни, во класична квадратна форма, со кратки рачки.