Пејачката не би се прославила доколку, по некоја случајност, се занимавала со кошарка. Таа објави снимка на „Инстаграм“ на која шутира кош во еден забавен парк, но се посрамоти поради тоа што не погоди ниту еднаш.
„Ја мразам оваа глупава игра“, напиша Карлеуша.
Имаше лавина коментари, а се огласи и нејзината колешка од „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ.
Бидејќи не се прослави, Карлеуша ја избриша снимата.