Британски „Сан“ објави упатство за преживување во случај на атомски удар

Можеби ќе треба да се криете и во период од еден месец или некаде да се преселите.

Британскиот таблоид „Сан“ – поради атомската закана што си ја разменуваат Соединетите Американски Држави и Северна Кореја – ги повика своите читатели да се подготват за можна трета светска војна и објави упатство за преживување во случај на атомски удар.

Поточно, текстот го објави со наслов „Што да направите за време на „атомски (нуклеарен) удар?“

Подгответе ги засолништата и подрумите со продукти што не се расипуваат, батериски ламби (најдобро во голем број), со резервни батерии.

Најдобро е да се удвојат резервите: еден комплет да имате за работното место, а друг да го чувате во возилото за случај на итна евакуација.

Смислете план за однесување на своето семејство во вонредна ситуација. Членовите на семејството во моментот на удар може да бидат на разни места, затоа однапред испланирајте како ќе се поврзете и соберете.

Проверете дали во јавните згради околу вас располагаат со атомски засолништа. Ако ги нема во близина, може да послужат и подрумите, дури и внатрешните соби без прозорци на средните катови во високите згради.

Што да направите за време на атомска експлозија?
Слушајте ги јавните информации преку радијата или ТВ и почитувајте ги упатствата од надлежните државни служби.

Штом властите издадат предупредување дека следува атомски напад, веднаш побарајте засолниште, најдобро е да се биде под нивото на земјата и да останете во него до нови инструкции.

За да се заштитите од радиоактивни честички – скријте се во најблиската зграда од тула или бетон.

Ако во рок од неколку минути пронајдете добро засолниште – повеќекатница или подрум – веднаш упатете се таму.

Најдобро е да бидете што подлабоко под земјата или во средината на висока зграда. Потребно е меѓу вас и радиоактивните честички да има што е можно повеќе бетон, тули или земја.

Бидете подготвени во засолништето да останете најмалку 24 часа, односно до моментот кога властите ќе објават дека е можно да се напушти.

Што да направите ако атомскиот удар се случи на улица?

Во никој случај не гледајте во експлозијата затоа што може моментно да ве ослепи.

Покријте се со што и да било кое може макар и малку да ве заштити.

Лежете на земјата и прекријте ја некако главата. Внимавајте – ако експлозијата е оддалечена – ударниот бран може да стигне до вас и во период од само 30 секунди.

Што побргу пронајдете засолниште, дури и ако сте многу километри оддалечени од епицентарот на експлозијата. Ветерот може радиоактивните честички да ги разнесе на стотина километри во круг.

Ако сте биле на улица, потрудете се што е можно побрзо да го исчистите телото од радиоактивниот материјал.

Соблечете ја облеката за да не дозволите радиоактивните честици се прошират по вашето тело. Со соблекувањето на облеката, маицата, кошулата, фустанот и јакната можете да ослободите 90 отсто од радиоактивниот материјал.

Ако е можно, ставете ја радиоактивната облека во пластичен контејнер (издржлива вреќа) и запечатете ја (или барем добро заврзете ја).

Истуширајте се, притоа добро насапунете се. Не тријте ја кожата.

Измијте ги главата и косата со шампон или сапун. Не користете фен за коса.

Можеби ќе треба да се криете и цел месец затоа што количината радиоактивни врнежи исклучително зависи од големината на бомбата и од тоа колку била во ваша близина во моментите на експлозија.

Повеќето погодени жители од градот или подрачјето може да го напуштат засолништето веќе за неколку дена и – ако е неопходно – да се преселат некаде на друго место.

Непрекинато слушајте радио или гледајте ТВ за да дознаете каде може да отпатувате и кои локации и места е најдобро да се избегнуваат.

Никогаш не заборавајте: Радијацијата не може да се види, намириса, ниту распознае со кое било сетило.

 

Scroll to Top