Андрија Милошевиќ го покажа својот ЅВЕР!

Популарниот актер објави фотографија на „Инстаграм“ што предизвика воодушевување кај сите што го следат.

Тој е дел од актерската екипа на втората сезона на криминалистичката серија „Убиецот на мојот татко“, чие снимање е во тек.

Андрија во серијата ќе има улога на негативец кому ќе му се случуваат нималку пријатни сцени, но неговиот весел дух ги фасцинира обожавателите на социјалните мрежи.

„Човек и ѕвер“, напиша Андрија на селфито со преслатко кученце со што насмеа до солзи многу обожаватели.

 

А кој е ѕверот на фотографијата, Андрија или кучето, оставаме на вас да одлучите.

 

Scroll to Top