Андријана Будимир, долгогодишната девојка на Тоше Проески, по неговата смрт пред речиси десет години се повлече од јавноста, а за нивната врска, повеќе не сака да зборува премногу.
Пет години по неговата трагична смрт, се омажи за угостител од Скопје, а двојката во 2014 година го доби синот Максим. Денес има приватна школа по ракомет во која работи како тренер.
По смртта на Тоше, медиумите интезивно пишуваа за неа, а влезе и во јавна расправа со менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, затоа што таа ја обвини дека лаже и дека никогаш не била девојка на славниот пејач. Тој конфликт заврши на суд, а пресудата беше донесена во корист на Будимир:
Петровиќ мораше да и исплати 300.000 динари оштета поради клеветата и да плати 500 евра судски трошоци.