Пејачката Александра Пријовиќ е една од најпопуларните млади пејачки на српската естрада и веќе долго време ги полни медиумите, особено откако е во љубовна врска со Филип Живојиновиќ.
Неколкупати се пишуваше дека таа и Филип наскоро ќе застанат на лудиот камен и ќе го кажат судбоносното „да“, а еве што Александра има да каже за тоа.
– Има време за венчавка… леле, истото го повторувам цело време како луда, вели Александра.
Александра е речиси две години во среќна врска со Филип Живојиновиќ, кој доаѓа на речиси секој нејзин настап.
На прашањето дали е бремена, таа откри:
„Дали сум бремена? Па, не знам, можеби и сум“, рече пејачката, а кога водителот инсистираше на точен одговор, таа дополни „значи, бремена сум, да!“