Речиси 1.000 разведени двојки во Чеченија биле приморани да се смират бидејќи лидерот на оваа земја смета дека разводите се причина за големи социјални проблеми. Државната телевизија објавила дека 948 разведени парови повторно се заедно откако е создадена програмата за „семејно помирување“ со која на разведените двојки им е наредено да се смират. Во програмата стои дека децата што растат во брачна заедница се помалку склони кон приклучување во терористички организации.
„Мораме да ги освестиме луѓето, да им кажеме и да им објасниме. Мораме да ги вратиме жените што ги напуштиле своите мажи и повторно да ги споиме. Тоа е наш приоритет“, рекол лидерот на земјата, Рамзан Кадиров.
Ниту една земја никогаш претходно немала слична програма. Од ова не се воодушевени сите. Некои жени изјавиле дека им се вратиле на своите мажи, но дека не се убедени дека нивниот брак ќе успее и во вториот обид. Некои,пак, за државната чеченска телевизија рекле дека им се вратиле на партнерите само поради децата.