Првата дама на САД, Меланија Трамп стана мета на потсмев на социјалните мрежи поради снимките кои беа објавени.
Во високи потпетици и авијатичарски очила за сонце, таа заедно со сопругот Доналд Трамп тргна во обиколка на катастофалната поплава која го зафати Тексас.
Во продолжение само дел од лавината коментари:
– Не е модна недела во Милан, Меланија!
– Извонредна идеја, може да собирате отпадоци со штиклите.
– Помошта стигна во Тексас, немој да се грижите. Важно е дека Меланија ги носи специјалните штикли за поплава!