Класични салонки
Овој моќен пар чевли има фантастична силуета, одличен дизајн и висок сјај, а во него секогаш ќе изгледате софистицирано и секси.
Во зависност од стилот, можете да избирате помеѓу разните модели на класични салони, од дебелина и висина на потпетицата, па сè до самата положба на која е таа поставена.
Салонки од антилоп
Салонките што се изработени од антилоп изгледаат неверојатно нежно, но и елегантно.
Салонки со платформа
Доколку високите потпетици не се доволни, тогаш одберете модели со платформа.
Тие на одличен начин ќе додадат неколку сантиметри повеќе, а во зависност од стилот, можете да се одлучите за салонки со висока и јасно истакната платформа или за оние со прикриена платформа.
Салонки со ремче околу глуждот
Освен што одлично го држат стапалото и се удобни и стабилни, салонките што имаат ремче околу глуждот претставуваат идеален избор доколку сакате да постигнете софистициран изглед, но во исто време да бидете и нежни и заводливи.