Како заедно да доживеете оргазам

Според експертите, за да доживеете оргазам во исто време, прочитајте ги следните совети:

 

Не брзајте со пенетрација

Потребно е да направите атмосфера што ќе ве опушти – придушени светла, запалени мирисни свеќи, сензуална музика. Важна е предиграта – нежни допири и бакнежи. Сексуалните терапевти препорачуваат шепотење и секси зборови, но и да не брзате со пенетрацијата.

 

Потребна е спонтаност

Заемниот оргазам не смее да ви биде цел во сексуалниот однос. Бидете спонтани, правете го она што ви годи и во што уживате. Разменувајте си долги допири. Истовремениот оргазам најчесто се случува кај партнерите што се познаваат, кои се поврзани и физички и психички.

 

Одложен оргазам

Не брзајте да доживеете оргазам. Опуштете се и уживајте. Сексот не мора да заврши за 15-ина минути. Ова, пред сѐ, се однесува на мажите што побрзо свршуваат и кои треба да се обидат да го одложат оргазмот. Според експертите, мажот треба да ја контролира ејакулацијата, а жената да биде во положбата во која најбрзо стигнува до оргазам.

 

Не очекувајте успех од прва

Можеби првиот пат кога ќе се обидете заедно да доживеете оргазам, тоа нема да ви успее, но не откажувајте се. Потребни се време и пракса. Ама кога ќе успеете, понатаму ќе ви биде полесно.

 

Запомнете – не смеете опсесивно да размислувате за истовремен оргазмот. Во спротивно сексот нема да ви биде задоволство, туку измачување без сакан резултат.

Scroll to Top