Светската музичка ѕвезда Соник, која неодамна настапи во Битола на Широк сокак, на својот фејсбук-профил објави фотографија со битолчанец. Фотографијата е за време на манифестацијата „Бит-фест 2017“ кога таа беше најавена како вистинска ѕвезда и направи незаборавен жур. Со Соник фотографија објави фолк-пејачката Татјана Стојановска, која истакна дека, иако пеат различна музика, имале што да си кажат.