Тешко е да помислите на „Игра на тронови“ без се сетите на Емилија Кларк. 29-годишната Британка е една од најпопуларните актерки во моментот и тоа благодарение на улогата на Денерис Таргеријан. Но, знаете ли дека Емилија не била првиот избор за улогата на Калиси? Првата Дени била актерката Темзин Мерчант.
Оваа Британка настапила во пилот-епизодата на „Игра на тронови“, но таа никогаш не била јавно прикажана. Одбраната публика што ја видела епизодата имала многубројни забелешки, па освен што се менувало сценариото и се преснимиле неколку клучни сцени, сменети се и неколку актери, меѓу кои и мајката на змејовите. Темзин, која претходно глумела во историската драма „Тудори“, воопшто не била по вкусот на гледачите.
Би можеле ли да ја замислите „Игра на тронови“ без Емилија?