Легендарниот актер Љубиша Самарџиќ почина во 81 година од животот. Веста ги растажи многумина луѓе ширум поранешна Југославија. Од големиот Љубиша Самарџиќ се прости и неговата внука Сара, и тоа со емотивна порака.
„Имав среќа што те познавав 23 години, од кога бев мала и не сваќав што е тоа да се биде актер, да се биде познат, што се срамев кога ќе ми пријдеа непознати луѓе, додека се шетам со својот дедо, што плачев на сцената на Полицаецот од Петлово брдо, затоа што, како може мојот дедо да седи со 4 жени, а да ниту една од нив не е мојата баба, што обожавав да ме носиш во канцеларија и за време на снимањето и кога секогаш доаѓаше да ме земеш од градинка, и кога ќе ме земеше во раце да танцуваме, па се до денес кога можам да кажам дека си ми бил пример, некој на кој сум можела да се потпрам и да очекувам поддршка. Мислам дека и излишно да ја споменувам твојата кариера, и колку ми беше чест да сум внука на една таква легенда. Ми покажа што значи борба и колку сила си имал и колку твоето срце беше силно. Знам дека си таму горе среќен и дека по толку години повторно си со својот Гага (синот Драган Николиќ). Не се грижи, не остави нас жените во сигурни раце, Стефка ќе внимава на нас овде, тој сега е глава на куќата, а ти и Гага од небото. Дедо, а сега адио“, напиша Сара на Инстаграм и објави слика од Љубиша Самарџиќ.