Со победата на Рафа Надал над Кевин Андресон заврши уште едно издание на УС Опен, четвртиот гренд слем во годината.
Покрај најдобрите светски тенисери, вниманието на јавноста го привлекоа и бројните селебрити кои се појавија на трибините и ги бодреа своите миленици. Во текот на изминатите две недели камерите на фоторепортерите во Њујорк го забележаа присуството на Роберт Редфорд, Шон Конери, Викторија Бекам, Фарел, Тони Бенет, Џастин Тимберлејк, Хилари Свонк, Тајгер Вудс и други.

Најчест посетител на УС Опен беше Ана Винтур, уредничката на „Вог“, која навива за Роџер Федерер, а ја изгуби својата ладнокрвност кога нејзиниот пријател доживеа пораз од Хуан Мартин Дел Потро.











