Карираните кошули ќе бидат вистински моден хит оваа есен. За првпат по многу години овој тренд е подеднакво популарен и кај мажите и кај жените. Понудата е неограничена. Освен класичните црвено-црни комбинации, во понудата се вклучени и сино-жолти, зелено-црни, кафено-жолти кошули.
Овие кошули изгледаат одлично во комбинација со фармерки, а жените можат да ги носат на хеланки или со здолништа. Можностите се неограничени.