Наредбата за евакуација, која беше објавена за делови на Флорида во пресрет на ураганот Ирма, не се однесуваше само на луѓето, туку и за животните. Засолниште морало да се пронајде и за стотици животни, чиј дом се зоолошки градини, паркови и спасувачки центри на Флорида. Неколку делфини биле преместени од Флорида Киз во централна Флорида, а за повеќе од сто кучиња во Тампа морало да се пронајде ново сместување.
„Живееме во област во која ураганите се чести, па сме подготвени за вакви ситуации“, вели Брајан Даулинг од сафари-паркот во Палм Бич Каунти.
Повеќето од животните од паркот се преместени во специјални објекти каде што вратите во некои случаи се оставаат незаклучени.