Со години се во брак, а и понатаму се лудо заљубени. Листата на холивудски двојки кои се поим за среќен брак не е многу долга, но секако ја одржува вербата во љубовта и кај обичните луѓе.
Криси Тиген и Џон Леџенд – пејачот неодамна изјави дека сакал да ѝ раскине на Криси на почетокот на врската, но призна дека тоа би била најголемата грешка во неговиот живот.
Синди Крафорд и Ренди Гербер – доволен доказ за нивната љубов е изјавата на Џорџ Клуни, кој вели дека би сакал тој и Амал да имаат брак како Синди и Ренди.
Жизел Бундшен и Том Брејди – една од најуспешните манекенки и еден од најтрофејните рагбисти се цел на папараците кои често ги сликаат како се бакнуваат.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам – во брак се од 2011 година и важат за една од најскладните светски двојки.
Мет Дејмон и Лусијана Барозо – сликата направена неодамна на црвениот килим на Филмскиот фестивал во Венеција уште еднаш покажа колку е голема нивната љубов.
Метју Меконахи и Камила Алвеш – во брак се од 2012 година, ги имаат синовите Луи и Ливингстон и ќерката Вида.