Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ деновиве ужива на Копаоник. Друштво ѝ прави семејството и неколку пријатели. А дека во нејзино друштво никогаш не е здодевно покажува и фотографијата што ја објави таа и на која скоро и да не можете да ја препознаете од маската. Приватниот маскембал изгледа прилично забавно. Друштво за фотографирање ѝ прави и музичарот Прљави Инспектор Блажа, кој на овие простори е исто така познат како човек со исклучителна смисла за хумор.