Парчињата облека со „точки“ најчесто ги носат само најхрабрите девојки. Овој тренд повторно се враќа во мода, тоа го покажаа актерките Џесика Бил и Трејси Елис Рос и пејачката Гвен Стефани.
Ако не сте сигурни како ќе ви стојат точките, одберете проѕирна кошула со точки во истата боја, како Џесика. Ова ќе ви даде претстава за тоа дали ќе сакате да пробате и посмели комбинации и бои.
Доколку сте расположени за комбинирање, следете го примерот на Трејси, па направете комбинација од слоеви и различни дезени, а еден од нив нека е во точки.
Ако се сметате себеси за експерт за гардероба во точки, тогаш изберете фустан со точки кој ќе ја нагласи вашата модна смелост, исто како Гвен.