Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вети и се појави на Парадата на гордоста во Белград. Таа им се придружила на членовите на ЛГТБ заедницата и на нивните поддржувачи заедно со градоначалникот на Белград, Синиша Мали и со министрите Зоран Ѓорѓевиќ и Бранко Ружиќ.
„Сметам дека Србија не е хомофобна земја. Секако, постојат уште многу работи што треба да се направат, како Законот за родова рамноправност и Законот за дискриминација. Работиме и на Законот на Алекса, бидејќи насилството помеѓу врсниците е уште еден од големите проблеми со кои се соочуваат припадниците на ЛГТБ заедницата, особено во тинејџерските години“, рече на собирот премиерката Брнабиќ.