Пејачот Аца Лукас пред две ноќи беше гостин на белградскиот сплав Ривер за да ја збогати прославата на српските кошаркари кои на Евробаскет освоија сребрен медал.
Лукас на паркингот бил со момците од обезбедувањето и со девојката која побегнала штом ги здогледала папараците.
Подоцна, сепак, се појавила на сплавот, а како што пренесуваат медиумите, се работи за актерката Барбара Петровиќ.
Барбара играше во сериите „Нашата мала клиника“, „Будва на пена од морето“, а активна е и во театарот.
Еве како изгледа:
Лукас не се огласи по овој повод, па не е потврдено официјално дали е во прашање нова девојка, сериозна врска, или познанство и пријателство.