Новиот постер на СДСМ за локалните избори кој се појави од вчера за општината Бутел предизвика многу реакции кај граѓаните. На социјалните мрежи се коментира сѐ и сешто. Мотото на СДСМ, „За живот насекаде“, кога ќе се стави во Бутел, добива друга конотација. Многумина коментираа дека СДСМ ќе нѐ чека сите да умреме.
Се појавија и коментар од типот: „Живот во Тетово. Живот во Крушево. Живот во Аеродром. Парцела во Бутел“.
Мотото за подобар живот со новиот постер за локалните избори, веројатно, е несреќно решение во кампањата на СДСМ кога се однесува за општината Бутел.