Вечерва во 21 часот кафулето “Пабло“ во Скопје, уметникот Матеј Богдановски ќе ја промовира книгата „Скопје радос ти ќе бидеш“. Во книгата тој зборува за, како што вели „ урбанистичкото насилство што му се случи на главниот град во изминативе години“. Книгата „Скопје радос ти ќе бидеш“ е реакција на Матеј кој низ серија мимови го исмева грандиозенот проект.
„Јас крикнав: „Скопје радос ти ќе бидеш“, но бранот не поклопи и денес сите пливаме во матната бара преполна со барокни фасади, антички столбови, класицизам, идентитет, воини, коњи, бронза, мермер, славно минато, нејасна иднина… а светот од страна ни се смее и ни фаќа сеир“, напиша Богдановски во „Скопје радос ти ќе бидеш“.