Која семејна фотографија заврши на Месечината во пластична фолија?

На 20 април 1972 година астронаутот Чарлс Дјук, член на мисијата „Аполо 16“, своите први чекори на Месечината ги направи на 36 години и со тоа стана најмладиот човек што чекорел на површината на Земјиниот сателит. Но, тоа не е единствениот успех поради кој Дјук е запишан на страниците на светската историја.

Додека чекорел по површината на Месечината, Дјук оставил семејна фотографија на која се неговата сопруга и двата сина. Фотографијата и денес лежи на Месечината, пишува „Бизнис-инсајдер“.

На заднината на фотографијата Дјук напишал: „Ова е семејството на астронаутот Чарли Дјук, кој слетал на Месечината на 20 април 1972 година“.

„Отсекогаш планирав да ја оставам фотографијата на Месечината. А кога го направив тоа, им кажав на децата дека го исполнив својот сон“, изјави Дјук.

Фотографијата стана прекрасен пример на човечката страна на истражувањето на вселената.

Кога тренирал да стане дел од мисијата „Аполо“, многу време минувал на Флорида додека неговото семејство било сместено во Хјустон.

„Ги прашав дали им се допаѓа идејата да дојдат со мене на Месечината, дека може да се фотографираат и  целото семејство да патува со мене“, вели Дјук.

Минаа повеќе од 43 години откако Дјук чекореше на Месечината.

Температурата на површината на Месечината се менува од 160 степени Целзиусови во ноќта, до +120 степени преку ден, па останува мистерија како фотографијата со пластична фолија воопшто останала и 1 минута на Месечевата површина. Или тоа е некоја посебна тенка проѕирна пластика? Од НАСА не се загрижени толку за фотографијата колку за астронаутите и како да им направат костими во кои ќе им биде удобно во такви екстремни температури.

 

Scroll to Top