Милан Станковиќ откри дека тој, наводно, требало да биде, наместо босанскиот пејач Мирза Хамзиќ, познатиот „Таја“ во песната „Инсомнија“ на Јелена Карлеуша, но и дека Саша Поповиќ му забранил да го сними тој дует.
Станковиќ кажа и дека токму поради тоа што не му дозволил да соработува со Карлеуша дошло и до првите недоразбирања помеѓу него и директорот на „Гранд“.
-Карлеуша тогаш беше во фазон ние тоа да го направиме, сакаше да сними дует токму со мене, но јас добив забрана. Имам дует со Буба и Јало кој има 50 милиони прегледи на Јутјуб, но факт е дека немам дует со ЈК, но така е како е, кажа Станковиќ.
https://www.youtube.com/watch?v=MhZToS11TPU