Поранешниот рагбист, О Џеј Симпсон, по девет години поминати во затвор, денеска е пуштен на слобода. 70-годишниот Симпсон е пуштен на условна слобода откако беше осуден на 33 години затворска казна заради вооружен напад во хотел. Казната ја служеше во Невада од 2008 година, а пуштен е на слобода заради добро однесување во затворот.
О Џеј Симпсон првпат се најде во центарот на вниманието на светската јавност во 1995 година, кога беше осомничен за убиство на поранешната сопруга Никол Браун и нејзиниот партнер, Рон Голдмен. Тогаш беше прогласен за невин, но две години подоцна одлуката беше сменета.