Фолк-пејачката Сузана Спасовска повторно замина за Пекинг, Кина.
Посетата на Кина е повторно на специјална покана од кинескиот амбасадор во Република Македонија, Зеншун Вен, со кого фолк-пејачката е долгогодишна пријателка. Сузана е една од ретките кај нас што го учат кинескиот јазик. Таа раскажа дека кинескиот јазик воопшто не е лесен за учење зашто азбуката се состои од симболи и знаци што не се слични со странските јазиците што најчесто се учат.
Сузана, освен македонски песни, пее и кинески композиции, кои често ги изведува при престојот во кинеските градови.