Компанијата „Примарк“ неодамна ги претстави своите најнови чевли инспирирани од Мини Маус. Чевлите се златни, елегантни и впечатливи, а од компанијата се сигурни дека ниедна жена што ги носи нема да остане незабележана.
Инспирацијата за чевлите ја добиле од култниот лик на „Дизни“, но и од чевлите дизајнирани од Оскар Тај, со таа разлика што чевлите на Тај чинат 400 фунти, а чевлите што се продаваат со „Примарк“ само 14 фунти.