Модната недела во Париз заврши со ревијата на „Шанел“. Оваа година ревијата се одржа во салата „Гранде Пале“ и специјално за неа покрај пистата беа направени шест 10-метарски водопади според замислата на Карл Лагерфелд. Ѕвезда на вечерта беше Каја Гербер, 16-годишната ќерка на супермоделот Синди Крафорд.
Лагерфелд раководи со модната куќа „Шанел“ од 1983 година. Дизајнерот и денес беспрекорно ја следи визијата на Коко Шанел и во секоја следна колекција се препознава дел од нејзиниот моден белег.
На ревијата беа претставени традиционални костуми од твид, проѕирни здолништа, огромни панталони и проѕирни пластични чизми.