Тенискиот ас Борис Бекер треба да ги исплати долговите кои изнесуваат 60 милиони евра и затоа реши да ги продаде дури и трофеите освоени на „Вимблдон“. Германецот пред три месеци прогласи банкрот поради банкарски долг од 3,5 милиони евра, а потоа неговиот поранешен бизнис-партнер од Швајцарија го тужеше за 35 милиони евра.
За трите сребрени реплики на трофејот од „Вимблдон“, Бекер очекува да добие над еден милион евра.