Зошто НАТО сега не го бомбардира Мадрид 78 дена?

Поранешен британски дипломат Вилиам Малинсон вели за RT дека најголемиот проблем во врска со каталонската криза е „огромната големина на ЕУ“, како и глобализацијата, која доведува до „лесно уништување на националните држави“.

Малинсон потоа повлече паралела меѓу она што сега се случува во Шпанија и НАТО бомбардирањето на Југославија и Белград. Според неговите зборови, намалувањето на значењето на националните држави, доведува до иритација на помалите делови.

„Зошто НАТО не го бомбардира Мадрид 78 дена? Ситуацијата е слична на многу нивоа“, вели Малинсон.

Всушност, Косово е уште повеќе дел од Србија, отколку што Каталонија е дел од Шпанија. Да се сетиме дека малите делво на Шпанија, во целина ги споија Фердинанд и Изабела во средниот век. Да се сетиме дека Шпанија е единствена држава, но и дека е конгломерат.

Мораме да се сетиме на овој опасен домино ефект. Тоа уште повеќе ќе го нахрани бесот во Баскија. Истото се однесува и на Валонците во Белгија, а Шкотска и да не ја споменуваме, вели Малинсон.

Низок стандард во ЕУ!

Малку е доцна за ЕУ да се сети на меѓународното право на своите западни граници, кога го игнорираше тоа исто право на источните граници, изјави за РТ експерт за меѓународните односи Марко Гашиќ.

Гашиќ вели дека одлуката на Косово за самопрогласување на независнос, е призната, поради тоа што Косово не е членка на ЕУ.

Некои велат дека ЕУ има двојни стандарди кога станува збор за оваа тема. Јас само би рекол дека ЕУ има ниски стандарди во врска со ова прашање, кога станува збор за меѓународното право и неговата доследност во придржувањето на меѓународното право.

„Затоа што, ЕУ е против каталонската сецесија, а го поддржа одвојувањето на Косово од Србија“, вели Гашиќ за РТ на англиски јазик.

Според неговото мислење, станува збор за „очигледна шизофрена позиција на ЕУ“.

Додека се противеа на референдумот во Шпанија, тие упорно организираа референдуми во Југославија. Во Југославија говореа дека не е важно што вели Уставот, додека во Шпанија велат дека Уставот е важен.

Во Југославија говореа: „Имате две недели да одлучите дали сакате независност од Југославија, а ние за тоа ќе одлучуваме во рок од недела дена“. Тоа се случуваше во 1992 година“, вели Гашиќ.

Европа не ја научи лекцијата од СФРЈ

Тој вели дека не верува дека ЕУ ја научила лекцијата од СФРЈ, затоа што „никогаш не ги призна грешките“.

Мислам дека ЕУ би се однесувала на целосно идентичен начин и денеска, затоа што Косово не е подрачје кое припаѓа во тој клуб, тоа не е во клубот на богаташите како што е Шпанија“, напоменува Гашиќ.

Тој вели дека Европската унија би требала да се противи на сецесијата и во Шпанија и во Србија, затоа што тоа е единственото можно според Хелсиншката повелаба и Повелбата на Обединетите народи.

 

 

 

 

Scroll to Top