Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ заедно со своите деца Теодора, Михаил и најмалиот Јоан го испеа еден од најголемите хитови на Тоше, „Чија си“. Тие ова видео го споделија и на „Фејсбук“, а песната е во чест на поп-ѕвездата Тоше Проески, кој пред десет години на 16 октомври загина во сообраќајна несреќа кај местото Нова Градишка, Хрватска.