Розовата боја е романтична и нежна, совршена за девојките и жените што сакаат да внесат свежина во есенскиот изглед.
Плетените розови џемпери може да се комбинираат со фармерки, здолништа и класични панталони. Тие се одлични за секојдневни и за класични комбинации, за дневни и за вечерни излегувања.