Бијонсе Жизел Ноулс е славна американска поп-пејачка, актерка и текстописец. Се оствари и на полето на глумата кога ја толкуваше главната улога во филмот Dreamgiirls, каде што ја отпеа својата песна „Слушај“ и имаше две номинации за „Златен глобус“.
Но, она што Бијонсе веројатно не го знае е дека има и двојничка.
Оваа девојка со име Британи не е позната како пејачка, но предизвика големо внимание на социјалните мрежи затоа што со својот лик многу потсетува на Бијонсе.
20-годишната Американка Британи Вилијамс стекна голема популарност на социјалните мрежи поради својата сличност со пејачката Бијонсе.
Но, Британи не сака кога ја запираат на улица и ѝ говорат дека личи на пејачката или кога ќе добие куп пораки во кои исто така ѝ укажуваат на неверојатната сличност со Бијонсе.
„Јас искрено мислам дека не си личиме толку. Таа е прекрасна жена, како и јас, но Бог ја создал неа да си биде таа, а мене да бидам јас“, вели Британи во изјава за едно списание.