Откако се пензионираше, најбрзиот човек на светот Усеин Болт, изјави дека би сакал професионално да игра фудбал. Сега има шанса да ја реализира идејата, бидејќи фудбалскиот клуб „Борусија Дортмунд“ му понуди договор и можност да ги покаже своите квалитети како фудбалер.
Болт сепак би сакал да заигра за омилениот тим „Манчестер Јунајтед“.
„Сон ми е да бидам фудбалер и ќе се обидам да го остварам, не ми е гајле што мислат луѓето. Доколку сфатам дека не ми оди и го немам потребниот квалитет, нема да се срамам,“ вели Болт. „Точно е дека добив повик од ‘Дортмунд’, но сега ми е важно да се подготвам и да се излечам од повредата. Кој знае што ќе се случи, но важно е да пробам,“ додал тој.