Холивудската актерка Џулија Робертс се најде на насловната страница на најновото издание на списанието „Харперс базар“ во Австралија. Актерката е фотографирана покрај плажа, а автор на фотографиите е Алекси Љубомирски.
Популарната „убава жена“ наскоро ќе го прослави својот 50. роденден. Многумина коментираат дека воопшто не личи на средовечна жена, а дека причината за тоа не е само нејзиниот младешки ген туку и блескавата насмевка, која е нејзин заштитен знак.