Скорпиите имаат магнетна привлечност, па затоа е тешко да им се одолее. Сепак, постојат пет работи што треба да ги знаете за нив.
Имаат неверојатно либидо
Ако сте родени помеѓу 23 октомври и 21 ноември, без оглед на тоа на која возраст сте и од кој пол, имате либидо на просечно 15-годишно момче. Ако сте во врска со Скорпија, знајте дека тој/таа може секогаш и секаде!
Опирањето е залудно
Скорпиите се како магнет, а ако некој во овој знак ве посака во својот кревет, нема шанси да се извлечете. Кога еднаш ќе ги пробате, постојано ќе се враќате.
Скорпијата не можете да ја шокирате
Ако некогаш сте имале секс со некој во знакот Скорпија, знаете дека не само што се согласуваат на секој предлог, туку со задоволство споделуваат и свои, и тоа прилично невообичаени барања.
Не очекувајте секс за една вечер
Иако за Скорпиите кружи митот дека не сакаат повеќе од еднократен секс, тоа е далеку од вистината. Доколку со нив сакате секс за една вечер, тоа никогаш нема да успее бидејќи Скорпијата со тек на време станува опседната со желбата да ве контролира и никако нема да ги толерира вашите излети на страна, дури и ако почетниот договор бил таков.
Ќе биде најдобриот во вашиот живот
Скорпиите се чудни и нападни, но има една работа поради која сите ги трпат – тие се одлични во кревет! Токму затоа што се толку опседнати со сексот, станале одлични во тоа.