Ана ја сподели радосната вест дека ќе стане мајка. Пејачката веќе неколку месеци е во врска со ИТ-експертот Иван Џолиќ, а наредната година и двајцата првпат ќе се остварат во улогата на родители.
Оваа вест многу ги усреќи Ана и Иван, па побрзаа да се подготват за венчавка. Местото и хотелот во кој ќе се заколнат на вечна љубов веќе го избраа, а пејачката одлично ги поднесува првите денови од бременоста.
Да потсетиме, Ана Бебиќ стана популарна по учеството во музичкото натпреварување „Операција триумф“, по што беше во долга врска со композиторот Филип Милетиќ.






