„Супер бабичка“ е серијата која беше хит во 90-тите години. Серијата за бабичката која ги добива своите моќи кои ги употребува во борба против криминалот, станувајќи „Супер бабичка“ се снимала во периодот од 1985 – 1987 година. Бабичката чиј заштитен знак беше карираната капа со црвена пуфка дефинитивно го привлекубаше вниманието на тогашната публика. Серијата брои две сезони од по 13 епизоди + божиќните бонус епизоди. Секоја епизода трае 30 минути, а серијата е направена според книгите на авторот Форест Вилсон.
Главната актерка е сè уште жива. Нејзиното име е Гудрун Уре, родена е на 12 март, 1926 година во Шкотска, а глумела до 2009 година.
Таа денес има 91 година, а едно од последните интервјуа го дала во 2006 година. Објавено е 10 години подоцна, во 2016 година.