Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба вечерва со автомобил удрил во пешак во Белград.
Според првичните информации што ги објавија српските медиуми, Кеба удрил во 18-годишна девојка, која преминувала улица на пешачки премин.
Несреќата се случила на улицата Париска комуна. Според првичните информации, девојката се здобила со повреди на главата.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.