На фотографијата изгледа како моторот да го вози гол маж, додека девојката седи зад него. Но, не е сè како што на прв поглед изгледа, пренесува „Дејли мејл“.
Ако се погледне подобро може да се види дека на моторот има уште еден пар нозе. Некои помислија дека меѓу мажот и жената се наоѓа кукла, додека други истакнаа дека на фотографијата се гледаат тројца луѓе. Но, вистинската приказна е сосема поинаква.
Моторот го вози маж без маица, кој носи само фармерки, додека девојката зад него носи шорц.
Многумина ги помешаа нејзините голи нозе и неговото торзо, па помислија дека гол човек го вози моторот.
И покрај едноставното објаснување, многумина признаваат дека фотографијата ги збунила.
Над илјада луѓе признале дека фотографијата ги измамила и биле вчудовидени кога дознале за што всушност станува збор.
한 15초정도 계속 봤다 pic.twitter.com/gin04JQNzT
— 로또가안되는김강근 (@myonsuO_O) 9 November 2017






