Штипска пастрмалија – направте ја и дома  

Штипска пастрмајлија е вистински деликатес. Како да ја направите дома, а да биде иста како она во кафеаните во Штип….Еве го рецептот:

Потребно

(За тесто):

околу 900-1000 гр брашно

450-500 мл вода

1 коцка квасец

1 лажичка сол.

———-

За фил:

околу 1 кг свинско месо

1 лажица црвен пипер

1 лажичка црн пипер

1 лажичка сол

3-5 лажички свинска маст

——————–

Подготовка:

  1. Подготовката започнува со свинското месо. Претходниот ден, но можете и неколку часа претходно, пред да ја правите пастрмајлијата, месото исечете го на ситни коцки и зачинете го со сол, црн пипер и црвен пипер, па измешајте малку и оставете да се впијат зачините. Ако оваа постапка ја правите истиот ден,

месото со зачините оставете го да стои најмалку 3-4 часа.

  1. Подготовката на тестото се прави дента кога пастрмајлијата ќе се јаде. Во поголем сад за месење се става квасецот со малку млака вода (се одзема од тие 500 мл) и солта, се меша и се меси

без да надојде квасецот.

  1. Потоа се додаваат остатокот од брашното, како и преостанатата вода и добро се меси.
  2. Измесеното тесто се дели на 3-4 топчиња, кои се оставаат да нараснат.
  3. На секое од топчињата, со помош на прстите се прави длабнатинка, а потоа се тегне и се развлекува во форма на чун (ако не можете со раце, помогнете си со помош на сукало).
  4. Така подготвени, се ставаат во тепсија претходно набрашнета (без масло).
  5. Претходно подготвените коцки месо се редат во вдлабнатината на тестото и врз секоја се става по малку свинска маст.
  6. Пастрмајлиите се печат во добро загреана рерна на 250 степени Целзиусови за време од околу 25-30 минути, или додека убаво заруменат.
  7. Потоа, кратко се вади тавата од рерната, се премачкуваат рабовите со маст и повторно се враќа назад за да се допече. Доволни се уште 5-10 минути.
  8. Готовата штипска пастрмајлија направена на домашен начин се покрива со платнена крпа, се остава кратко да постои.

Додајте неколку феферони или кисели краставички и не заборвајте на чаша црвено вино.

Scroll to Top