Кендал во претходните 12 месеци се претвори во вистинска машина за правење пари, а најмногу пари ѝ донесоа договорите што ги потпиша со фирмите „Адидас“, „Есте Лодер“, и „Ла Перла“.

Четвртата е Адријана Лима со 10,5 милиони долари, а голем дел од заработката ѝ го донеле договорите од брендовите „Спортмакс“ и „Марк Џејкобс“.
Петтото место го делат Рози Хантингтон Витли и Џиџи Хадид со по 9,5 милиони долари.
Рози најмногу пари заработила од својата линија на козметика, а Џиџи заработила најмногу на фактот со тоа што милиони луѓе ја следат на „Инстаграм“ и добро ја наплатила промоцијата преку овие социјални мрежи.