Кендал Џенер ѝ го зеде местото на Жизел Бундшен како најплатена светска манекенка

Според магазинот „Форбс“, бразилската убавица Кендал Џенер сега е најплатена светска манекенка. Џенер го презеде врвот на оваа листа кога ја престигна Жизел Бундшен, која минатата година инкасира 17,5 милиони долари.

Кендал во претходните 12 месеци се претвори во вистинска машина за правење пари, а најмногу пари ѝ донесоа договорите што ги потпиша со фирмите „Адидас“, „Есте Лодер“, и „Ла Перла“.

Жизел прилично неочекувано имала пад во заработката и потфрлила во однос на 30,5 милиони долари колку што инкасирала во 2016 година.

Трета е Криси Тејган со 13,5 милиони долари, а повеќето од нив ги инкасира преку рекламите за „Смирноф“ и „Вита Коко“.

Четвртата е Адријана Лима со 10,5 милиони долари, а голем дел од заработката ѝ го донеле договорите од брендовите „Спортмакс“ и „Марк Џејкобс“.

Петтото место го делат Рози Хантингтон Витли и Џиџи Хадид со по 9,5 милиони долари.

Рози најмногу пари заработила од својата линија на козметика, а Џиџи заработила најмногу на фактот со тоа што милиони луѓе ја следат на „Инстаграм“ и добро ја наплатила промоцијата преку овие социјални мрежи.

 

 

Scroll to Top