Откако Цеца Ражнатовиќ ја тужеше Јелена Карлеуша за навреда, денеска пејачките првпат се соочија во судот. И во Првиот основен суд се одржа медијацијата, односно обидот за средување на односите по мирен пат за да се избегне судењето.
Карлеуша стигна насмеана во придружба на својот адвокат, а Цеца се појави неколку минути подоцна со својот правен советник. Ражнатовиќ за разлика од Јелена беше сериозна.
Пејачките потоа околу 12.10 часот, без адвокатите, влегоа кај судијата и се обидоа зад затворени врати да ги закопаат секирите.
Инаку, ова никогаш досега се нема случено, а пејачките првпат седеа насамо и се обидоа со помош на судијата да се смират.
Но, набргу од канцеларијата се слушна високиот тон на Цеца.
Се слушаа пцости и навреди: „Срам да ти е“, „Ќути“ и „Немој ти да ми зборуваш за почит“.
Потоа полицаецот влезе внатре, ги опомена скараните пејачки, но по неколку минути повторно се слушаа истите зборови.
Во меѓувреме судијата го извести обезбедувањето, но полицаецот изјави дека нема потреба тие да интервенираат.